Филмот Nomadland победник на 93-то доделување на Оскари

од Stefanija Kuzmanovska

Филмот „Nomadland“ на Клои Жао е добитник на годинашното 93-то доделување на Оскари, награда од Американската академија за филмска уметност и наука, што се одржа синоќа во театарот Долби и други локации во Лос Анџелес.

Остварувањето ја освои главната награда, Оскарот за најдобар филм, додека режисерката ја освои наградата за најдобар режисер и стана втората жена што ја доби наградата на Американската академија за филмска уметност и наука во таа категорија.

Франсис Мекдорманд го доби Оскарот за најдобра актерка за улогата во филмот „Nomadland“.

Слични содржини