Раперот Кание Вест и неговата сопруга Ким Кардашијан очекуваат момче.

Ова го соопшти во својот профил на Инстаграм реалити ѕвездата, која веќе е мајка на двегодишна ќеркичка од раперот.

Вчера Ким објави фотографија на Кание и нивната ќерка Норт на „Инстагран” со текстот: “Ти си толку добар татко за Норт и ќе бидеш најдобар татко за нашиот син”.

Со оваа порака, таа стави крај на тековните шпекулации околу полот на нејзиното дете. Претходно Ким изјави дека двајцата со сопругот се единствените кои можат да потврдат за полот на бебето, откако на многу места се појавија различни претпоставки за тоа дали тоа ќе биде момче или девојче.

Слични содржини