ФОТО: Последна опомена во спротивно ќе бидете заведени како ОДБИЕН ПОПИС

од Берта Китинска

Последна опомена  за попис во спротивно ќе бидете заведени како ОДБИЕН  ПОПИС!. Соти во едно од известувањата кои попишувачите ги оставаат  пред вратите на граѓаните .

Според првиот човек на Државен завод за статистика Апостол Симовски има два типа санкции, за оние кои ќе се попишуваат, но и за оние кои учествуваат во операцијата, што е прецизно утврдено со Законот за попис.

-Едниот за оние кои одбиваат да даваат податоци или ќе даваат погрешни податоци и кои подлежат на прекршочни пријави и мислам дека таму се казните од 200 до 300 евра во денарска противвредност, а втора се санкциите коишто се однесуваат на оние кои учествуваат во пописот, коишто ќе ги злоупотребуваат тие податоци евентуално, каде што имаме и кривична одговорност и мислам дека максималната казна беше до пет години затвор, тоа се однесува на нас коишто сме учесници. Јас се надевам дека никој нема да има потреба да подлежи на  овие санкции, туку дека сите ќе сфатиме дека оваа операција е во интерес на нас, на граѓаните на оваа држава и дека ќе ја поддржиме и максимално ќе бидеме сериозни во тој дел-изјави неодман Симовски.

Премиерот Зоран Заев денеска кажа  дека луѓето кој одбиваат да се попишат треба да бидат санкционирани.

-Сите знаат како тече процесот на попишување, сите знаат дека внатре најголемиот број од податоците ги имаат од базите.Прашањата кој се прашуваат се неколку етничката определеност, религиската определеност, начинот на одење и враќање од работа или слични прашања. Сите тие прашања или еден процент ако останаа не попишани би биле од две причини. Прво луѓе кој што одбиваат да се попишат и тие треба да бидат санкционирани, изјави Заев.

Заклучно до вчера во земјава се попишани вкупно 1.813.153 лица, 562.110 домаќинства и 822.575 станови, соопшти, Државниот завод за статистика.

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 203.144 граѓани од дијаспората. Најмногу попишани граѓани од странство има во Швајцарција – 64.806, Германија – 46.161 и Италија – 28.265.
Денеска е последниот, 26-ти ден од Пописот 2021.

Освен во своите домови, граѓаните можат да се попишат и на одредени пунктови во нивните општини, што ги отвори Државниот завод за статистика. Локациите за попишување се достапни на линкот на ДЗС: https://popis2021.stat.gov.mk/Upatstva/SpisokNaKPRzaPopisuvanje.pdf

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до денеска.

 

Слични содржини