(ФОТО) Семејството Бекам со првата разделба

од Vladimir Zorba

На Викторија и Дејвид Бекам им претстои првата голема разделба во семејството. 18-годишното момче Бруклин го напушта семејното гнездо.

Изборот на момчето е да учи во колеџ во Њујорк, што е изненадување за ѕвездената двојка, која претпоставуваше дека нивниот син ќе остане на Островот. Викторија и Дејвид имаат уште две момчиња и едно девојче.

“По две недели ќе се преселам во Њујорк. Ќе учам и треба да си признаам дека сум загрижен, бидејќи веќе нема да живеам со моето семејство. Тоа е единственото нешто што навистина ме плаши во моментов, мајка ми исто така е многу загрижена и вознемирена од моето заминување.

Но, мислам дека за мене ќе е подобро да поживеам самостојно, да го правам и учам она што навистина  го сакам “, открива самиот Бруклин во интервју.

Тој ќе изучува фотографија – хоби со кое родителите го поттикнуваат да се занимава. Деновиве Бруклин дури ја издаде својата прва книга со авторски слики, потсетува missbloom.

Слични содржини