ФОТО: Во авионска несреќа загинаа сенаторот Даг Ларсен, неговата сопруга и двете мали деца

од Stefanija Kuzmanovska

Сенаторот на државата Северна Дакота, Даг Ларсен, неговата сопруга и двете мали деца загинаа кога малиот авион со кој патувале се урнал во Јута, изјави лидерот на републиканците во Сенатот, Дејвид Хог.

Авионската несреќа се случила во неделата вечерта по локално време, веднаш по полетувањето од аеродромот Кањонлендс, кој се наоѓа на околу 15 милји северно од Моаб, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Гранд во објава на Фејсбук.

„Сенаторот Даг Ларсен, неговата сопруга Ејми и нивните две мали деца загинаа во авионска несреќа во Јута. Тие беа во посета на семејството во Скотсдејл и се враќаа дома. Застанаа да наполнат гориво во Јута“, напиша Хог.

Истрагата за падот на авионот е во тек, а се уште не е познато кој управувал со него во моментот на падот.

Како член на Републиканската партија, Ларсен стана сенатор за првпат во 2020 година.

Слични содржини