Франција: Бустер доза по четири месеци наместо седум

од Nikola Popovski

Времето за примање на третата доза од вакцината против Ковид-19 од 15 февруари во Франција ќе се намали на најмногу четири месеци наместо досегашните седум, најави францускиот министер за здравство, Оливие Веран.

Во моментов во Франција е на сила регулатива дека од 15 јануари ковид-сертификатите престануваат да важат по седум месеци доколку некое лице не добие бустер доза, јавуваат француските медиуми.

„Од 15 февруари ќе треба да поминат четири месеци, а не седум месеци како досега по втората доза за да може лицето целосно да се вакцинира“, истакна Веран за неделникот „Журнал де Диманш“.

Тој потсети дека „прележувањето на Ковид-19 вреди колку и дозата на вакцината“, што значи дека лице кое примило две дози, но не и бустер, а неодамна го прележало вирусот, ги ​​исполнува пропишаните услови.

Слични содржини