Француски лекари: Вакцината против туберкулоза може да не заштити од коронавирусот?

од Nikola Popovski

Може ли да вакцината против туберкулоза да го заштити медицинскиот персонал од „Ковид-19“?

Иако можеби ќе бидат потребни месеци да се добие вакцина само за коронавирус, некои студии го истражуваат можниот заштитен ефект на вакцината против туберкулоза.

„Веќе со децении знаеме дека вакцината против туберкулозата (BCG) има неспецифични корисни ефекти, што значи дека штити од болести, освен од туберкулозата за кoja е создаден“, изјави Камил Лохт за Франс Прес, шеф на истражувачкиот одддел во Институтот Пастер во Лил.

Децата вакцинирани со BCG страдаат помалку од други респираторни заболувања, а оваа вакцина се користи за лекување на некои видови на рак на простата и може да заштити од астма и автоимуни заболувања како што е дијабетес тип 1.

Се сугерираше дека вакцината против туберкулоза може да има сличен ефект врз коронавирусот или со намалување на ризикот од инфекција или со намалување на сериозноста на симптомите.

Медицинскиот персонал треба „најмногу да го искористи овој пристап“, смета Камил Лохт, кој го комплетира протоколот за клинички испитувања во Франција затоа што тие, здравствените работници, се „најмногу изложени на ризик да се разболат“ и затоа е важно да ги заштитиме.

Но, истражувачите се претпазливи и сè уште не можат со сигурност да потврдат дека BCG штити од коронавирус.

„Ова е токму причината за учество во ова истражување“, истакнува Михаи Нетеа, професор по експериментална медицина на Институтот за медицина „Радбуд“ (Нијмеген) во Холандија, кој пред две недели извеести за почеток на клиничко испитување во соработка со Универзитетот во Утрехт, кој опфаќа 1.000 здравствени работници (500 ќе ја примат вакцината, а 500 плацебо).

„Ако има помалку луѓе во групата за вакцинирање со BCG кои не се во можност да работат заради болеста, тоа ќе биде добар резултат“, додава овој реномиран експерт за „обучен имунитет“.

Овој поим значи дека нашиот стекнат имунолошки систем (кој развива антитела) не е единствениот што памти. И нашиот вроден имунолошки систем може да се подготви за поуспешна битка против заканите, особено благодарение на ублажени вакцини како што се BCG и вакцината против рубеола.

Покрај вирусна инфекција, со Ковид-19 се случува и тешка форма на прекумерен имунолошка реакција со неконтролирано производство на про-воспалителни протеини, цитокини.

„Вакцинацијата, особено BCG, би можеле подобро да го контролираат овој воспалителен имунолошкa реакција“, вели Лорен Лагост, експерт во Францускиот национален институт за здравствени и медицински истражувања (ИНСЕРМ), кој работи на односот помеѓу воспалението и имунолошкиот систем.

Вакцината делува како „воена вежба во време на мир“ за „успешно да го победи непријателот во време на војна“, рече таа во изјава за БФМТВ во вторникот.

Слични содржини