Г.г Стефан преку телеграма се прости српскиот патријарх Иринеј

Во пресрет на смртта на поглаварот на Српската православна црква, Иринеј, како последица од Ковид 19, телеграма за сочувство до Белград испрати и поглаварот на Македонската православна црква, Г.Г. Стефан.

Ваше Високопреосвештенство и и Ваши преосвештенстава,

Со голема жалост ја примаме веста за упокојување на Неговата Светост Патријархот Српски Иринеј. Српската Православна Црква и Православието во целост, во неговата личност имаа редок духовник, посветен пастироначалник и неуморен архипастир. Тој достоинствено и смирено го носеше својот патријаршиски крст и крстот на своето духовно паство , и во се се трдеше да се покаже за достое наследник на своите претходници.

Во овие тешки мигови за вашите Црква и народ, дозволете ми, во свои и во името на Светиот архијерејски синод, на свештенството, на монаштвото и на сите верни чеда на Македонската Правозлавна Црква- Охридска Архиепископија, да ве увериме во искрената скрб на македонскиот православен народ, кој сочувствува со сите коишто тагуваат поради упокоението на Патријархот Иринеј.

Блаженоупокоениот Патријарх, по примерот на апостолот Павле, би можел да рече дека времето за заминување настапило, до дека добро се борел, патот го завршил, верата ја запазил и дека го очекува венецот на правдата…

Споделувајќи ја тагата со вас и со сите во Српската Православна Црква се молиме за душата на новопретставениот ваш првојерарх, та милостивиот Бог да го прими во прегратките на праотецот Аврам и во населбите на праведниците.

Бог да го прости и нека му е спомен вечен!

Архиепископ охридски и македонски г.г. Стефан

Слични содржини