Едно живеалиште може да биде луксузно, без разлика дали е еднособен стан или пак пространа куќа.97bfff16ac29f5324be8a3a6a87bf0b8

Тешко дека некој ќе оспори дека сепак и тука максимата “Колку повеќе, толку подобро” е валидна со сета сила. Особено кога се однесува до бројот на соби и нивната големина.

Неслучајно светски познатите ѕвезди купуваат огромни куќи или се “задоволни” со луксузни мезонети во престижни населби.

За целото семејство куќата дефинитивно е најдобрата опција. Куќата која поседува доволно соби и удобности, за да стане дом од соништата.

Исто како проектот на архитектонската фирма Nico van der Meulen Architects.Неодамна компанијата ја заврши “House in Blair” – пространа палата која се наоѓа во Блер Атол, Јоханесбург.

Поконкретно, јужноафриканската луксузна куќа е сместена помеѓу Преторија и Јоханезбург и се гордее со својата површина од речиси 750 квадратни метри.

Добрата работа е дека имотот е опкружен со мир и тишина, додека нуди стилски, модерен дизајн.

Големите простори се должат не само на импресивната квадратура, но и на ентериерот кој е исчистен од вишокот декоративни елементи.

Влезете во галеријата и проверете го луксузното засолниште во Јужна Африка, што ќе ве плени со луксуз и пространа атмосфера.

Фото: nicovdmeulen.com/David Ross и Barend Roberts

Слични содржини