Герасимовски: Продолжуваат зачестените контроли на градилиштата, инвеститорите да градат според одобренијата

од Radmila Tasevska

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска заедно со општинските и инспекторски служби изврши инспекторска контрола на седум градилишта во Општината. Како што посочи, Општината продолжува со контролите со цел директен увид во изведувањето на градежните работи и почитување на законските прописи.

-Заедно со општинските и инспекторски служби продолжуваме да вршиме инспекторски контроли со цел доколку е потребно да изведеме брза реакција за нелегалните и небезбедни градежни активности на градилиштата. Јас уште во предизборниот период ветив засилени инспекторски контроли затоа што мојата цел е хуманото градење со почитување на законските прописи вклучувајќи ја и безбедноста на граѓаните. Од ова ветување не отстапувам затоа им порачувам на сите инвеститори кои градат во рамки на Општина Центар да ги почитуваат законските процедури при изведување градежни работи, да градат според одобренијата затоа што во спротивно ќе бидат санкционирани. Потенцирам дека ниту една отстапка од законските процедури нема да биде толерирана, порача Герасимовски.

Герасимовски заедно со општинските служби изврши увид на градилишта во различни населби и притоа потенцираше дека општината ќе врши целосен увид на градежните работи на активните градилишта и ќе контролира дивоградби, од почнување на градбата до нивно завршување.

Слични содржини