Германски лекар ја прекршил самоизолацијата: Бил пронајден мртов, можно е да заразил многу други

од Nikola Popovski

58-годишен германски лекар бил пронајден мртов во неговиот стан, откако не успеал да ја следи одредбата за самоизолација, бидејќи имал симптоми на коронавирус.

Лекарот кој работел во Лондон починал во неговиот стан во близина на Берлин, а властите сега се загрижени дека тој може да заразли други патници за време на летот од Велика Британија за Германија, пренесува ДВ.

Обдукцијата утврдила дека тој е заразен со КОВИД-19.

Работодавачот му препишал самоизолација на германскиот државјанин, кој бил на пракса во Лондон на 19 март, бидејќи имал симптоми на инфекција со новиот коронавирус. Но, лекарот ја игнорирал одредбата и отпатувал за Берлин, каде што има близок роднина, кој поседувал стан во населбата Бабелсберг во Потсдам.

Откако властите го пронашле неговото тело, обдукцијата открила дека тој бил заразен со КОВИД-19.

Слични содржини