Германскиот Бундестаг бара предавник во своите редови

од Vladimir Zorba

Германскиот Бундестаг бара „предавник“ кој до медиумите проследил тајни протоколи за злосторството во украинска Буча.

Според германски „Фокус“, претседателката на Комисијата за одбрана, Мари Агнес Штрак-Цимерман, поднела кривична пријава за оддавање државна тајна против непознати лица кои од строго доверлива седница пренесувале информации до медиумите.

Станува збор за протоколи за прислушување, кои според германските експерти ја докажуваат одговорноста на руските војници за масакрот на украинското население во Буча.

Слични содржини