Гевгеличанец приведен за обљуба над малолетник

од Берта Китинска

Вчера во 15:20 часот полицијата го уапсила Ѓ.А. (61) од Гевгелија затоа тоа што извршил обљуба врз малолетник од истиот град.

Лицето било задржано во Полициската станица во Гевгелија, а за настанот било запознат и јавен обвинител од ОЈО Гевгелија.

Од полицијата не соопштуваат повеќе детали, освен дека по документирање на случајот во текот на денот осомничениот ќе биде изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија.

Слични содржини