Годишнина од Кадифената револуција во Чешка

од Vladimir Zorba

На 30-годишнината од Кадифената револуција, со која заврши деценијата на комунистичко владеење во Чешка, граѓаните на таа земја го повикаа премиерот Андреј Бабиш да поднесе оставка.

Демонстранти од цела Чешка денеска протестираа по вторпат против Бабиш во паркот Летна, место на митингот во 1989 година каде имаше демонстрации што придонесоа за падот на комунизмот во државата.

Демонстрантите гледаат на популистичкиот милијардер како закана за демократијата и правниот систем во земјата и му даваат рок до 31 декември да се ослободи од деловната и медиумската империја или да си даде оставка.

Бабиш ги негира обвинувањата и тврди дека нема причина да поднесе оставка.

Слични содржини