“Голем дел од мрежата” зад нападот во Манчестер е разбиена , изјави командантот  na единицата за борба против тероризмот во Скотланд јард Марк Роули, цитиран од “Гардијан”.

 

Тој појасни дека многу од членовите на мрежата се приведени. Роули, рече дека очекува против приведените да бидат покренати обвиненија.

 ” Ќе има судски процеси “, истакна тој во врска со напредокот на истрагата.

Но, според него има веројатност уште луѓе да поврзани со нападот и да се на слобода.

Тој дополни дека властите направиле преглед на мерките за безбедност на повеќе од 1 300 настани во земјата и ги повика Британците да “излегуваат и да се забавуваат”.

Во меѓувреме “Гардијан” пишува дека и  братучеди на атентаторот Салман Абеди се меѓу уапсените.

Тројца од приведените десетмината лица досега се роднини . Тие рекле дека се братучеди на Салман. Двајца од нив се   проверени од полицијата во петокот наутро.

Досега  8 лица се приведени, тие се на возраст меѓу 18 и 38 години . 34-годишна жена и 16-годишно момче се ослободени, не им е подигнато обвинение.

Претходно беше соопштено дека атентаторот од Манчестер Салман Абеди разговарал со својот брат Хашеми во Либија 15 минути пред да детонираше бомбата .

Во нападот вкупносе повредени 116 , а  загинаа 22 лица.