Гори магацин со играчки во Штип

од Берта Китинска

Гори магацин за детски играчки „Андреј компани“ во Штип кој е лоциран на стариот регионален пат во близина на штипската приградска населба „Три чешми“.

Добивме дојава околу 12 часот дека гори ѓубре, но кога се приближивме видовме дека всушност гори огромен магацин.Гори еден објект, тоа е огромен магацин за играчки. Имаме мали проблеми поради ветерот кој во моментов е со поголема брзина, но веруваме дека успешно ќе го изгаснеме пожарот, изјави командирот на противпожарната бригадана од Штип, кој смета дека пожарот е предизивикан од ѓубре.

На терен се 15 пожарникари.

Слични содржини