Градоначалникот на Авдијевка: Руските сили силно го напаѓаат градот

од Stefanija Kuzmanovska

Руските сили кои со месеци се обидуваат да ја опколат Авдијевка во источна Украина, силно го напаѓаат тој град, изјави градоначалникот.

„За жал, непријателот не притиска од сите страни, нема ниту еден дел од нашиот град што е повеќе или помалку мирен. Нивните сили напаѓаат силно“, рече градоначалникот Виталиј Барабаш во директното ТВ обраќање.

Неколку дена претходно, градоначалникот Барабаш објави дека ситуацијата е „критична“ на некои места, додека руската армија ги удвои напорите да го освои разурнатиот индустриски град.

Тој денеска изјави дека метеоролошките услови и калта не им дозволуваат на руските војници да користат возила, но дека ситуацијата се уште е „многу тешка“.

„Во некои правци едноставно е нереално“, рече тој.

Тој исто така рече дека во последните 24 часа биле истрелани 50 гранати и извршени над 30 воздушни напади врз Авдијевка, каде и покрај борбите и големите разурнувања сè уште живеат 941 цивил.

Руските сили со месеци се обидуваат да ја опколат Авдијевка, каде што украинските војници се наоѓаат на утврдени позиции. Тоа е едно од најголемите жаришта на фронтот по неуспехот во летната украинска контраофанзива.

Слични содржини