Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ: Оливер падна во кома, да се молиме за негово здравје

од desk4

На божиќниот прием и на прославата на 25-годишнината од познатиот хрватски пекарско бренд, градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ, ги информираше пријателите за немилата вест, објави порталот Макс.

Додека патував овде, ми рекоа дека Оливер паднал во кома. Да се помолиме за неговото здравје , рече синоќа градоначалник на Загреб.

Оливер Драгојевиќ, како што веќе знае јавноста, неколку месеци се бори со тешка болест, а вчера беше објавено дека 70-годишниот пејач од здравствени причини ги откажа сплитските концертот по повод неговиот 70-ти роденден.

Слични содржини