Грција ја погоди силно невреме: 6.700 громови на Халкидики, дел од северот на земјата под вода (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Силно невреме го погоди ноќеска северниот дел на Грција, а голем број на домаќинства останале без струја.

Посебно на удар на бурата се нашле Халкидики, Солун, Килкис, Серес и Ксанти. Локалните медиуми пренесуваат дека припадниците на пожарникарните бригади спасиле момче чиј автомобил го однела надојдената вода, јавуваат грчките медиуми.

Имено во Лагадас 21-годишно момче ја изгубил контролата над возилото заради големата количина на вода на патот. момчето кој бил на местото на совозачот успеал да излезе и да ја контактира надлежната служба.

Набрзо стигнала екипа од 10 пожарникари со три возила и успеале да го спасат возачот, чиј автомобил водата го однела 30 метри. Двајцата мажи заради внимателност биле префрлени во болница.
На Халкидики поплавени се повеќе куќи и продавници, водата ги прекрила улиците и ги претворила дворовите во езера. Грчките медиуми наведуваат дека забележани се дури 6.700 громови.

Пожарникарската бригада на Солун добила преку 100 повици да ја испумпа водата од домовите и подрумите на граѓаните.

Грчките метеоролози сметаат дека дождовите ќе продолжат, најголем дел на Крит, а невремето би требало до петок вечер да ослабе.

Слични содржини