Грција: Вакцинација на сите возрасни граѓани до јули

од Nikola Popovski

Грчкиот министер за здравство Василис Киликијас синоќа потврди дека темпото на националната програма за имунизација против Ковид-19 се забрзува и ја објави целта за вакцинирање на целата возрасна популација до јули.

Министерот на прес-конференцијата објавил дека над 100 000 лица се вакцинирани до вчера и дека се очекува во текот на мај да бидат искористени околу 2,3 милиони дози вакцини, што ќе ја надмине бројката од 5 милиони до крајот на месецот.

„Нашата цел е да ги имунизираме сите возрасни до крајот на јуни или почетокот на јули. Немаме проблеми со испораката на вакцини“, нагласил Киликијас.

Шефот на грчкиот Национален комитет за вакцинација, Марија Теодориду, им честиташе на младите лица во 30-тите години за солидниот интерес за вакцинацијата и рече дека би било одлично ако секој од овие млади луѓе однесе друг колеблив постар граѓанин во центарот за вакцинација, бидејќи има голем процент на луѓе постари од 65 години кои сè уште не ја закажале својата имунизација.

Таа исто така го изрази своето задоволство од фактот што денес во Грција започна воведувањето на еднократните вакцини Џонсон и Џонсон, што го оцени како многу практична и ефективна заштита и од 77 до 80 проценти од Ковид-19.

Слични содржини