Неодамна се проговори дека Гвинет Палтроу и Бред Фалчак ќе стават крај на својата едногодишна врска. По сѐ изгледа дека сепак двајцата веќе го сториле тоа. Пред неколку дена продуцентот беше снимен да вечера во друштво на мистериозна бринета во Лос Анџелес.9f91a6ba1bd16147ea475d20446f2943

Гвинет и Бред ја почнаа својата врска малку откако актерката се раздели со Крис Мартин после 10 години брак. Не е јасно која точно е причината што ставила крај на односите меѓу холивудската ѕвезда и продуцентот, но блиски до веќе поранешната двојка тврдат дека двајцата имале различни ставови за животот.

“Гвин ги сака работите на одреден начин, а Бред не мисли како неа, поради што и на крајот се караат за најмалите нешта. Таа може да биде доста напорно, кога станува збор за храна, а кај Бред не е така.Понекогаш тој само сака да излезе и да си купи плескавица, а тоа ја полудува” , откри неодамна извор.

Бред со заместничката на Гвинет Палтроу; Фото: dailymail.co.uk

Слични содржини