Хамас: За секој израелски напад ќе погубиме по еден заложник

од Stefanija Kuzmanovska

Израелската армија во понеделникот вечерта објави дека стотици милитанти на Хамас се заробени, а стотици од нив се убиени во Појасот Газа и покрај израелската гранична ограда, додека Хамас се заканува дека ќе одговори на израелските напади врз Појасот Газа со убивање на по еден заложник.

Милитантите повеќе не влегуваат во Израел од Газа, изјави портпаролот на израелската армија.

Во меѓувреме, портпаролот на Хамас се закани дека исламистичката милитантна група ќе погуби по еден заложник за секој напад извршен од Израел. Милитантите на Хамас заробиле најмалку 150 луѓе и ги вратиле во Газа, меѓу кои имало жени, деца и постари лица. Освен Израелци, се верува дека меѓу заробените има и државјани на голем број други земји.

Понудена размена

Претходно, милитантната група понуди размена на голем број киднапирани постари Израелки за ослободување на 36 затворени Палестинки кои се држат во Израел.

Најмалку 900 Израелци загинаа, а 2.600 се ранети во нападите на Хамас во саботата во најлошото крвопролевање на цивилите во историјата на земјата, според последните податоци на израелските власти. Оттогаш, според официјалните податоци, над 4.500 ракети се истрелани кон Израел.

Слични содржини