Хутите: Во нападот на САД и Велика Британија загинаа пет лица, има и ранети

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку пет лица загинаа, а шест се ранети во нападите на САД и Велика Британија врз упориштата на Хутите во Јемен.

„Американските и британските непријатели сносат целосна одговорност за нивната криминална агресија врз нашиот народ во Јемен и тоа нема да остане без одговор и без казна“, рече воениот портпарол на Хутите, Јахја Сари  во видеопораката.

Тој додаде дека биле извршени 73 напади врз пет јеменски региони под контрола на Хутите, но не прецизираше кои биле целите.

Слични содржини