И Атлетико размислува да се вклучи во трката за Гринвуд

од Vladimir Zorba

Во плановите на Атлетико Мадрид за летната селекција влегол и напаѓачот на Хетафе, Мејсон Гринвуд, информира весникот „АС“.

Крилниот напаѓач е во сопственост на Манчестер Јунајтед, но летото беше позајмен во тимот од Мадрид, бидејќи навивачите на „црвените ѓаволи“ остро се изјаснија против неговото враќање во тимот по скандалот со насилството врз неговата девојка, која потоа му роди ќерка.

Гринвуд пристигна во Хетафе на крајот од летниот преоден рок, но импресионираше со своите игри. Досега на сметка има пет гола и четири асистенции.

Токму тоа го привлече интересот на Атлетико, кој се надева дека ќе може да го земе играчот за не премногу висока цена со оглед на проблемите надвор од теренот. „Рохибланкос“ на лето предвидуваат освежување во нападот, каде моментално на ниво настапуваат Антоан Гризман и Алваро Мората, но и двајцата поминаа 30 години.

Во последниве месеци, Гринвуд беше поврзуван со интерес и од Реал Мадрид и Барселона, како и од други големи тимови во Европа.

Слични содржини