Речиси е сигурно дека нема да има избори на 5 Јјуни, и тоа е завршена работа. Незавршеното е само формата како ќе се излезе од тоа. Според извори од преговорите меѓу власта и опозицијата, датумот 5 јуни се поништува,  а новиот датум ќе го брка нова политичка влада која ќе треба да подготви кредибилен процес до следните избори, кои  најверојатно нема да имаат датум но нема да бидат подолго од пакетот и датумите врзани со локалните избори. Доцна есен или пролет се во опција на можни термини.

мкд сад

Не е исклучено но малку веројатно, во тој пазар и враќање на премиерската позиција на Никола Груевски, како дел од таа мешана политичка влада, колку за задоволување на „моментумот од 100 дена пред избори “технички премиер. Другата крајност е тој воопшто да не биде на листа.

Аболицијата како главно барање или главна сопка за целиот политички процес и пржински договор, веројатно ќе падне.Иванов сега веќе си знае како и зошто. Во тој  нов пакет ќе треба да падне  и инцијативата пред Уставен за работата на СЈО, поднесена од власта.

Според целиот пакет кој се усогласува на преговорите,  нужно е собирање повторно на парламентот. Никој нема дилеми ниту за тоа , туку се договара формата. КОлку за убрзување и потиснување на  „колебливоста“ на власта, можно е да се оди преку оставки на поголениот број на членови и на  претседателот на ДИК. Во тој случај парламентот ќе мора да се собере, а во истиот пакет и ќе констатира поништување на датумот за избори со изгласаниот 5 јуни.Тоа ќе значи и нови луѓе за ДИК.Секако сега клучот е воовој состав на ДИК, и како тие докрај ќе ја извозат спремноста за кредибилност на изборната приказна, и излезот од лавиринтите на  власта и Македонија

дик врата

Денеска треба да се одржи и седница на ДИК, која вчера без образложение беше одложена. На дневен ред е Извештајот за обработени пријави за гласање на државјани на Република Македонија со привремена работа или престој во странство за гласање во ДКП на РМ, како и Извештај од јавниот увид во Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори за пратеници во Собранието на РМ, заклучно со 08.05.2016 година.

Ноќеска на полноќ истече рокот за пријавување на гласачи од дијаспората. Според бројките пристигнати до вчера,  не се пријавиле доволен број гласачи, што значи не се за избори.

Тоае само уште една потврда дека во наредните неколку дена ќе биде обелоденет, новиот пакет од преговорите и  поништувањето на закажаниот датум. Во обелоденувањето на овој анекс на пржинскиот договор не е исклучено да се појави и новиот специјален пратеник и посредникот  на канцеларката Меркел , Јоханес Хајндл, но САД и ЕУ преку Бејли и Орав секако ќе бидат тука.

Слични содржини