Идентификувани 8 напаѓачи во Шри Ланка, сите биле богати и школувани

од desk2

Полицијата објави дека 359 луѓе загинаа во велигденските терористички напади на хотели и цркви во Шри Ланка и потврди дека повеќето се локални жители. Меѓу загинатите има 31 странски државјани, а од УНИЦЕФ соопштија дека меѓу убиените има 45 деца.

Официјалниот претставник на полицијата Руван Гунасекара објави дека нападите се извршени од 9 бомбаши самоубијци. Осум се идентификувани, а потврдено е дека меѓу нив има и жена, сопруга на еден од напаѓачите.

Поради сомнежи за поврзаност со напаѓачите засега се уапсени 60 луѓе. Сите уапсени се од Шри Ланка, а полицијата верува дека нападите се изведени со помош на меѓународна терористичка мрежа. Таквата теорија со објави на социјалните мрежи ги подгреа Исламска држава чија новинска агенција Amaq вчера објави фотографии и снимки од наводните напаѓачи од Шри Ланка.

Министерот за одбрана на Шри Ланка денеска на прес-конференција изјави дека повеќето од напаѓачите потекнуваат од богати семејства и немале финансиски проблеми. Повеќето биле добро образовани. Еден од нив студирал во Велика Британија, а потоа магистрирал во Австралија.

На парламентот вчера му порача дека за експлозиите се одговорни две исламистички групи од Шри Ланка. Денеска е откриено дека во експлозијата во луксузниот хотел Shangri-La е разнесен еден од лидерите на споменатите групи.

Меѓу бомбашите самоубијци има маж и жена, двајца браќа од богато семејство, млад маж со диплома од право, студент во Велика Британија и постдипломец во Австралија, ова се дел од профилите што официјалните власти ги пренесоа на јавноста. Ако тврдењето на Исламска држава е точно и тие се виновни за нападите, тогаш ова е најсмртоносниот терористички напад на групата досега.

Слични содржини