Исчезнатата подморница која превезуваше патници до потонатиот Титаник има кислород за помалку од 70 часа

од Stefanija Kuzmanovska

Голема операција за пребарување и спасување е во тек во Атлантикот откако исчезна туристичка подморница со пет лица, која требаше да нурне до потонатиот брод Титаник.

Американската и канадската крајбрежна стража бараат мала туристичка подморница со пет луѓе. Контактот бил изгубен еден час и 45 минути по нурнувањето, соопшти американската крајбрежна стража. Операцијата се води од Бостон.

Меѓу патниците на подморницата е и британски милијардер

Картите за осумдневното патување кое вклучува возење со брод до местото на потонувањето на Титаник и нуркање со подморница на длабочина од 3.800 метри чинат 250.000 долари.

Меѓу петте луѓе во подморницата е и британскиот милијардер Хамиш Хардинг, директор на компанијата „Action Aviation“, пренесува агенцијата. Хардинг неодамна на социјалните мрежи објави дека ќе биде дел од тимот.

„Екипажот на подморницата се состои од некои легендарни истражувачи, од кои некои направиле повеќе од 30 нуркања до РМС Титаник од 1980-тите“, напишал Хардинг во објавата.

Во подморницата има кислород за помалку од 70 часа

Американската крајбрежна стража во соопштение соопшти дека трага по пет лица откако канадскиот истражувачки брод Polar Prince изгубил контакт со подморницата за време на нејзиното нуркање.

Подморницата со која беше изгубен контакт во неделата треба да има четиридневно снабдување со кислород.

„Во подморницата можеби останал кислород за помалку од 70 часа“, изјави адмирал Џон Маугер, командант на округот на Првата крајбрежна стража.

Компанијата што го организира ова патување, OceanGate Expeditions, во соопштението за медиумите што го пренесуваат медиумите соопшти дека ги истражува и мобилизира сите можности за безбедно враќање на екипажот.

На својата веб-страница OceanGate Expeditions наведува дека мисијата за посета на Титаник е во тек од 12 до 20 јуни. Подморницата е дизајнирана да однесе пет луѓе на длабочина од 4000 метри, а вкупно со пет лица може да остане под вода 96 часа.

Слични содржини