Исламска држава ја презеде одговорноста за експлозијата во Иран

од Vladimir Zorba

Организацијата Исламска држава (ИСИС) ја презеде одговорноста за терористичкиот напад што се случи во Иран.

Најмалку 84 лица загинаа во средата кога две бомби експлодираа за време на комеморацијата на годишнината од смртта на иранскиот генерал Касем Сулејмани, кој беше убиен на 3 јануари 2020 година, во напад на американско беспилотно летало во ирачкиот главен град Багдад.

Претходно иранските медиуми објавија дека 103 загинале, а 188 се ранети.

Слични содржини