Претседателот Иванов од Сараево во државата ќе се врати преку Софија со комерцијален лет поради дефект на државниот авуион.

Од СОЗР велат дека дефектот е констатиран утринава во 9 часот при редовниот преглед на системот при што е констатирано дека откажал електронскиот уред на авионот наречен инвертер.

владин-авион

Инаки вчера модератор на претседателскиот панел во Брдо-Бриони процесот му го постави прашањето на Иванов: “Како во денешно време, Александар Македонски би се прославил во областа на бизнис”, со оглед дека претседателот Иванов беше многу остар во својот говор.
Прашањето беше рефлектирано на историските личности кои ги има Македонија и каква е ситуацијата во оваа земја.

Прашањето беше “Како Александар Македонски би се снашол во Македонија на бизнис план”, на кое Иванов нашега експлицитно истакна: Не би успеал!

Исто така, тој додаде дека “ниту Исус Христос ниту Мухамед нема да успее во денешната ера на Македонија”, осврнувајќи се на тешката економска ситуација во оваа земја
Инаку третата божја заповед во Христијанството гласи: Не го изговарај напразно името на Господа, твојот Бог!

Слични содржини