Ивановска: Тоа што го направи Зибери е недопустливо, се доведуваат во прашање одлуките на Комисијата за заразни болести

од Nikola Popovski

Претеседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, за емисијата „Еуро-фокус“, коментирајќи го случајот со поранешниот директор на ИЈЗ Скопје, Арбен Зибери,  изјави дека во изборна кампања, некој сам да признава дека извршил влијание на Комисијата за заразни болести за да се отворат границите, гласачите да гласаат е недопустливо.

„Не е ниту долично, ниту морално, ниту етички таквото однесување. Со ова се доведуваат во прашање одлуките на самата комисија, дали членовите се потпирале на здравствените параметри или правеле политички калкулации. Сето тоа фрла една лоша дамка за однесувањето на политичарите. Не смее да се дозволи ова и треба да се санкционира. КЗБ треба да работи самостојно, без некој да ѝвлијае“, смета Ивановска.

Слични содржини