„Ивермектинот“ и вакцината надеж за спас од коронавирусот

од Берта Китинска

Вакцината на „Фајзер“ пристигнува на почетокот на февруари, додека пак од вчера во аптеките лекот „Ивермектин“ може да се земе само со рецепт од матичен лекар.Засега состојбата со ковид во земјава е стабилна велат надлежните.

Лекот Ивермектин достапен за граѓаните во аптеките

„ Лекот ERMETIN (ivermectin) таблета 3 mgx10 во пакување, на производителот World Medicine Ilac San.Ve.Tic. од Турција во аптеките по одобрена малопродажна цена изнесува 299 денари. Лекот може да се зема само со лекарски рецепт од матичен лекар или лекар специјалист. Истиот може да се употребува во домашно и болничко лекување, и да се земе превентивно, исклучиво со лекарска препорака, доколку лице било во контакт со ковид позитивен. Повеќе клинички студии кои ја евалуираат ефикасноста на ивермектин кај пациенти со COVID-19 се во тек и/или нивните крајни резултати се уште не се публикувани во научни списанија, но прелиминарните резултати сугерираат дека ивермектин има поволен ефект во профилакса на COVID-19 кај експонирани лица, како и во терапија на пациенти со лесна, средно-тешка и тешка клиничка слика.“, вели министерот Венко Филипче.

Според дел од нашите пулмолози – ивермектинот го скратува престојот на пациентите во болница, а дава позитивни резултати и во намалувањето на стапката на смртност од вирусот. Граѓаните чека пред аптеките за да се информираат дали лекот е пристигнат.Фармецевтите велат дека постојано добиваат прашања дали лекот стигнал и колку пари чини.

Владата ја прифати Предлог-програмата за задолжителна имунизација на населението за 2021 година. Во неа е содржан план за обезбедување на годишни потреби на вакцини за задолжителна имунизација и вакцини по епидемиолошки индикациии. Во програмата се опфатени возрасните групи подложни за пoeдини вакцинации, видот на вакцини кои се даваат и начинот на давање, календарот за имунизација на деца од 0 до 18 години и Календарот за catch-up имунизација за нередовно вакцинираните деца од 5 до 18 година. Оваа година, буџетот за Програмата за имунизација изнесува 805.000.000,00 милиони денари, од кои 415.000.000,00 денари се наменети за обезбедување на потребните количини вакцини за континуирана вакцинација, минимум потребни резервни дози на вакцини и имуноглобулини по епидемиолошки индикации, а 390.000.000,00 денари за набавка на КОВИД-19 вакцини, соопштија од влада.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 87117, бројката на оздравени пациенти е 68364, на починати е 2647, а бројот на активни случаи изнесува 16106.

 

Слични содржини