Изложба „Хероините на нашето време“ на академската сликарка Јана Јакимовска

од desk4

Самостојната изложба „Хероините на нашето време“ на академската сликарка Јана Јакимовска ќе биде отворена вечер во втората сала на Музејот на Град Скопје.

Изложбата е омаж на жените-хероини во македонското општество кои му се спротивставија на репресивниот, конзервативен, мизогин и хетеронормативен систем на вредности.

Кураторката Елена Вељановска оценува дека изложбата “Хероините на нашето време” ја нагласува потребата за паметење и историзирање, но и повикува на рамноправност во паметењето во услови на доминантна хероизација на маскулинистичките симболи на моќ.

-Поставката отвора дискусија за ре-дефиниција на улогата на современата жена во македонското општество, и токму преку симболичната  употреба  на   поимот  хероина, таа воедно и предлага ново читање и пишување на скорешната историја. И најнакрај, таа го ревитализира медиумот на оваа изложба – портрет-на уметност – којшто е крик да се врати достоинството на старите медиуми, коешто им беше одземено со нивната употреба во пропагандни цели, наведува Вељановска.

Јана Јакимовска е вонреден професор на Ликовната академија при Универзитет Гоце Делчев – Штип.

Ова е нејзина петнаесетта самостојна изложба.

Слични содржини