Изложба „Мисионерка на милосрдието – спомените за Мајка Тереза во Државниот архив“

од Vladimir Zorba

На 5 септември 2022 г. (понеделник) во 12:00 часот во НУ Музеј на македонската борба, на свечен настан ќе биде отворена изложбата „Мисионерка на милосрдието – спомените за Мајка Тереза во Државниот архив“ што ја подготви Државниот архив.

Преку изложбата, Државниот архив се вклучува во одбележување на 25- годишнината од смртта на Мајка Тереза и на јавноста првпат ќе и презентира архивска документација за животот на семејството Бојаџиу до 1934 година ѝ за нејзините посети на Скопје. На настанот ќе бидат прикажани и видеозаписи за светицата Мајка Тереза.

Изложбата е отворена за јавноста и ќе трае до 13 септември (вторник).

Слични содржини