Измамена скопјанка која платила над 200 евра на посредник за работа во странство

од Nikola Popovski

Скопјанка била измамена од лице, кое се претставило како посредник за работа во странство, по што пријавила во полициска станица, информираат од МВР.

-Според пријавеното, тие стапиле во контакт преку социјалната мрежа Фејсбук и ѝ ветило дека ќе пронајде работа за нејзиниот син во Сојузна Република Германија. Како што е пријавено, во периодот од 12.10.2023 до 10.11.2023 на лицето, на различни банкарски сметки, му уплатила вкупно 13.516 денари за обезбедување на потребните документи, соопшти полицијата.

Откако лицето ѝ побарало дополнителни 3.000 денари за обезбедување нови документи, таа сфатила дека е измамена и ја прекинала комуникацијата со него, велат од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини