Израелските сили УПАДНАА во комплексот на Ал Акса (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Израелските одбранбени сили упаднаа во комплексот околу џамијата Ал Акса во Ерусалим, откако Хамас го гранатиршае Тел Авив.

Да потсетиме, Хамас објави дека истрела повеќе од 130 ракети кон Тел Авив и повторно му се закани на Израел дека „целосно ќе го уништи тој град доколку се уништи една зграда во Газа“.

Претходно, Израел погоди 13-катна зграда во Газа, а се сомнева дека милитантите на Хамас имале седиште во тој објект.

Патем, џамијата Ал-Акса се смета за трето најсвето место во исламот, а Евреите исто така го почитуваат Ридот на храмовите како нивно најсвето место, каде што стоеја и двата библиски храма. Конечниот изглед го добила во 11 век.

Слични содржини