Известување за граѓаните со прекин на работен однос: Во рок од 30 дена, треба да поднесете барање за паричен надоместок

од Берта Китинска

Граѓаните со прекин на работен однос, имаат право на паричен надоместок во висина од 50% од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци.

Право на паричен надоместок има невработено лице што било во работен однос најмалку 9 месеци непрекинато, или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци, пред престанокот на работниот однос.

Граѓаните што останале без работа поднесуваат барање во Центарот за вработување во местото на живеење, во рок од 30 дена од денот на престанокот на работниот однос.

Барањето се поднесува во Центарот за вработување во местото на живеење на невработеното лице, во рок од 30 дена од денот на престанокот на работниот однос.Доколку барањето се поднесе по истекот на рокот, паричниот надоместок се исплатува од денот на поднесувањето на барањето за преостанатиот период.Паричен надоместок не се исплатува доколку барањето е поднесено по истекот на времето за кое следува истиот.

Детални информации може да се најдат на страницата на Агенцијата за вработување: https://av.gov.mk/paricen-nadomestok.nspx

Слични содржини