Јанева: Прислушувањето се случувало по наредба на Мијалков

од Vladimir Zorba

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева ги негираше тврдењата на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, кој како обвинет во предметот „Таргет-Тврдина“ вчера во судница рече дека бил предмет на прислушување.

„Обвинетиот Мијалков не бил таргет во прислушувањето, но биле други блиски до него фамилијарно. А тоа кој прислушувал има докази дека прислушувањето се случувало додека тој бил директор на УБК и по негова наредба. Има докази за тоа во предметот на СЈО и апелирам до јавноста будно да го следи овој предмет“, рече Јанева на денешната конференција во организација на ОБСЕ.

Слични содржини