Јавен обвинител извршил увид во Рашче, каде еден човек е убиен

од desk4

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид во селото Рашче каде што попладнево беше пронајдено починато машко лице.

Повозрасен маж попладнево беше убиен во вооружен напад на влезот на скопското село Рашче.

Како што изјави портпаролот на МВР, Тони Ангеловски за МИА, екипи на МВР се упатени на местото на настанот и вршат увид.

Според првичните информации од увидот, лицето било лишено од живот со истрели од огнено оружје.

По наредба на јавниот обвинител, врз телото на починатиот се врши обдукција. Издадени се наредби за вештачење на сите траги и материјални докази пронајдени на лице место.

Според информациите од жителите на селото, кои не сакаа да зборуваат пред камера, причина за убиството најверојатно е крвна одмазда, бидејќи близок роднина од убиениот минатата година учествувал во друго убиство.

Слични содржини