Американската сојузна држава Јута, каде претежно живеат мормони, вчера стана првата американска држава каде порнографијата е прогласена за штетна по јавното здравје.

Резолуцијата е усвоена под влијание на владејачката Републиканска партија во Јута.

– Порнографијата претставува криза на јавното здравје. Тоа е ендемичен проблем, кој цвета благодарение на тајните и молчењето. Резолуцијата ќе дозволи проблемот отворено да се разгледува и да се насочи вниманието кон сосема реалните опасности, кои ги крие порнографијата, при тоа без истата да биде забранета, изјави гувернерот на Јута, Гари Хербарт.

sample-women

Со резолуцијата, која е усвоена во март, а вчера стапи во сили, се повикува на зголемување на „свесноста, превенцијата, истрагата и адаптирање на општествените норми, со цел да се спречи епидемијата од порнографија, која ги доведува во опасност граѓаните на Јута, како и граѓаните на цела земја“.

– Знаеме дека тоа е дрска декларација и некои нема да се согласат со неа. Тука сме да кажеме дека тоа е чиста вистина, изјави гувернерот Хербарт.

Тој додаде дека граѓаните знаат оти порнографијата крие опасности и ги предупреди младите луѓе дека порнографските содржини нанесуваат реални психолошки и физииолошки штети.

– Не станува збор за трошоци, ниту за забрана на нешто од страна на државата, туку повик кон општеството да сознае и да дејствува, изјави сенаторот Тод Вајлер кој присуствуваше на церемонијата на потпишување на резолуцијата./МИА

Слични содржини