Како да се спречат штетите од индустријата за дезинформации?

од Vladimir Zorba

„…во секој агол од светот, слободата на печатот е нападната. Вистината е под закана од дезинформации и говор на омраза кои настојуваат да ги заматат линиите помеѓу фактот и фикцијата, помеѓу науката и коспирацијата“ (од пораката на секретарот на Обединетите Нации Антонио Гутереш за 3 мај 2023)

Контаминацијата на медиумите со лажни содржини и пропаганда беше во фокусот на овогодишниот извештај на Репортери без граници за слободата на печатот (2023), кој го промовираше изразот „fake content industry“ (индустрија за лажни содржини) како закана за новинарството.

Согледувањата на „Репортери без граници“ се дека медиумскиот пејзаж драматично се менува, меѓу другото, како последица на подемот на индустрија за лажни содржини „која произведува и дистрибуира дезинформации и обезбедува алатки за нивно производство“.

Дел од таа индустрија за лажни содржини е несомнено политичко-пропагандна. Во 118 од 180 земји рангирани на Индексот во 2023 година биле забележани масовни политички кампањи со дезинформации и пропаганда.

Но, посебно место во извештајот има ширењето на лажни содржини на Твитер по преземањето од страна на Маск, како и виралното ширење на содржини генерирани од вештачка интелигенција, како што беа, на пример, виралните фотографии генерирани од AI со Макрон, папата и Доналд Трамп.

Извештајот на „Репортери без граници“ предупредува на последиците од индустријата за лажни содржини во дигиталниот еко-систем, кои се закана за квалитетното новинарство: „Се замаглува разликата помеѓу вистинитата и лагата, реалното и вештачкото, фактите и изопачувањата, со што се загрозува правото на информации“.

„Репортери без граници“ предупредуваат на масовно ширење на манипулативни содржини од страна на „индустријата за дезинформации“, најмногу на социјалните платформи.

Добар дел од таа индустрија е воено-пропагандната машинерија, чии ефекти се особено видливи во Европа по инвазијата на Русија врз Украина. Но, не само во Европа – Кина, на пример, е на претпоследно место во Индексот, не само поради тоа што најмногу затвора новинари, туку и како најголем извозник на пропагандни содржини.

Целата колумна на следниот линк!

Слични содржини