КАКО ЌЕ ПАТУВАМЕ НИЗ ЕВРОПА ПО ВОВЕДУВАЊЕТО НА ВАКЦИНИТЕ? Еден од предлозите ја враќа надежта во туризмот

од Nikola Popovski

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во вторникот предложи да се воспостави потврда за вакцинација на ниво на Европската унија со цел да се обноват прекуграничните патувања погодени од пандемијата на коронавирусите.

Грција, чиј туризам претставува петтина од БДП, се обидува да ги оживее патувањата во текот на летната сезона и веќе создаде сопствен стандардизиран сертификат со кој ќе се докажува дека е некој поединец е вакциниран.

Во писмото до шефот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајан, Мицотакис предложи воведување на заедничка потврда за целиот блок. Таа би можела да се користи при влез во сите форми на транспорт.

– Иако вакцинацијата нема да биде задолжителна или предуслов за патување, луѓето кои би биле вакцинирани треба да можат слободно да патуваат – наведува грчкиот премиер во писмото.

– Неопходно е итно да се донесе заедничко разбирање за структурата на потврдата за вакцинација со цел тој да биде прифатен во сите земји-членки – додаде Мицотакис.

Доколку членките на Европската унија можат да се договорат за заедничка формула, „можеме да го истуркаме ова прашање во соодветните меѓународни форуми и на тој начин да придонесеме за воспоставување мобилност на глобално ниво“, се додава во писмото.

Според Мицокатакис, за земји како Грција, кои зависат од туризам, потребно е да се реши овој проблем пред летната сезона.

Грција релативно лесно го преживеа првиот бран на пандемијата, но зголемувањето на инфекциите од октомври го оптовари нејзиниот здравствен систем, веќе ослабен во долготрајната криза и ги принуди властите на втор локдаун во ноември.

145.179 случаи и 5.302 смртни случаи поврзани со Ковид-19 се потврдени во земјата од почетокот на пандемијата.

Слични содржини