Калеска –Ванчева: Пратениците да го поддржат Барањето за автентично толкување на членот 11

од Ивана Рамаданова

Во името на заштитата на правдата ги повикуваме сите пратеници, од сите парламентарни партии, пред се пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, да го поддржат барањето на СДСМ за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување, порача пратеничката Снежана Калеска –Ванчева.

„Најважно во овој момент е да се затвори нелегалната аболиција на Иванов и да се обезбеди одговорност пред законите на сите оние коишто ги прекршиле. Наместо да се занимава со несериозни и неиздржани предлози, Христијан Мицкоски треба да ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат барањето на СДСМ. Затоа Мицкоски прво нека ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за Барањето, а потоа може да се дискутира и за други предлози“, истакна Калеска –Ванчева.

Според неа, последните скандалозни случувања во правосудството јасно покажуваат дека и зад најавите од Уставниот суд, стојат структури на ВМРО-ДПМНЕ.

„Уште еднаш се докажа дека Мицкоски работи исклучиво во корист на неговиот ментор од Будимпешта и фамилијата. СДСМ се бори за правдата да биде задоволена, нема да дозволиме амнестии, нема да дозволиме остатоците од режимот и инсталациите од сваровски судството да ја попречат правдата. Граѓаните очекуваат правда и правда мора да има“, додаде Калеска –Ванчева.

Слични содржини