Калеска-Ванчева: Се надеваме дека ВМРО-ДПМНЕ ќе даде зелено светло за Законот за Јавно обвинителство

од Aleksandar Todeski

Владејачката СДСМ изразува надеж дека ВМРО-ДПМНЕ ќе даде зелено светло за Законот за Јавно обвинителство. Пратеничката Снежана Калеска-Ванчева на прес конференција вели дека суштински разлики помеѓу претходното и сегашното законско решение нема, но не сакаше да влезе во детали со цел да не го наруши преговарачкиот процес.

„Изготвен е нов предлог и истиот е доставен до опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ за да го разгледаат и да дадат свое мислење во контекст на она што значи одблокирање на Законот. Се надевам дека во конструктива собраниска расправа ќе донесеме квалитетен Закон. Суштински разлика нема, но не би одела во детали, не смееме да го нарушиме процесот на она што значи преговори и постигнување на консензус. Официјален став се уште немаме од ВМРО-ДПМНЕ, би почекала да го изградат пред било што да разговараме. Се надевам дека конечно ќе дадат зелено светло“, рече Калеска-Ванчева.

Таа на прес конференцијата додаде и дека СДСМ продолжува со добрите политики во корист на граѓаните.

„На вчерашната собраниска седница на предлог на владата ги изгласавме измените на Законот за извршување. Износот кој може да биде извшрен максимално изнесува 1/5 од платата. Примената ги опфаќа и веќе започнатите извршувања. Трошоците мора да бидат намалени“, истакна Калеска-Ванчева.

А.Т.

Слични содржини