И „Канал 5“ нуди медумски простор за ТВ дуел Заев-Мицковски

од Vladimir Zorba

„Канал 5“ телевизија во дневникот во 18 часот соопшти дека се нуди да организира телевизиски дуел меѓу лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

Дуелот би бил организиран во рамки на емисијата „Само вистина“, а би траел меѓу два и три часа, со паузи на секои 45 или 60 минути зависно од договореното.

Заевц и Мицкоски би се соочиле на теми од домашната и надворешната политика, економијата и социјалата.

Претходно попладнево МТВ се понуди да организира ТВ дуел меѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

Слични содржини