Казнети 128 возачи во Скопје, 76 за брзо возење

од Vladimir Zorba

Во рамки на контролите во областа на сообраќајот во текот на вчерашниот ден од Секторот за внатрешни работи Скопје на теририторијата на градот изречени се вкупно 128 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 76 санкции.

Изречени се и седум мерки за возење без возачка дозвола и по три мерки за нерегистрирани возила, за некористење сигурносен појас, и за користење мобилен телефон при возење.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. од МВР апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедноста во сообраќајот и посигурни патишта.

Слични содржини