Казнети 74 возачи во Сарај

од Nikola Popovski

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 16.00 до 21.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на општина Сарај во Скопје, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата санкционирани се 74 возачи, од кои 20 за возење без возачка дозвола, 14 санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, девет мерки за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), три санкции за возење под дејство на алкохол. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта, информираат од МВР.

Слични содржини