Клоп по 5:0 над Порто: Ќе ни биде тешко во реваншот

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, очекува силна реакција од Порто во реваншот од 1/8-финалето во Лигата на шампионите. Првиот состанок во Португалија заврши со 5:0 во полза на англискиот тим.

„Ако бев во ситуацијата на Порто би сакал да видам вистинска реакција од мојот тим. Нивниот менаџер ќе биде многу агресивен и ќе го притисне својот тим. Ќе биде тешка работа за нас, ќе треба да играме многу, многу добро за да победиме во натпреварот“, објасни германскиот тренер.

„Ние ги почитуваме Порто премногу и ја почитуваме конкуренцијата премногу, за да размислуваме за реална ротација. Јас не сум донел одлука до моментов, ние не правиме промени, за да избегнеме нешто едноставно ги користиме играчите кои се во најдобра форма. Може ние ќе направиме една, две или три промени, но само за победа на натпреварот“, рече Јурген Клоп.

Слични содржини