Коалицијата „Вреди“ најавува враќање на државните претпријатија кај граѓаните

од Nikola Popovski

Коалицијата „Вреди“ ветува минимална плата од 800 евра до крајот на мандатот, доколку ја добијат довербата од граѓаните. Бараат поголема ангажираност од сите нивни структури за што помасовна излезност на 24-ти април.

Изет Меџити од Демократското движење најави враќање на државните претпријатија во рацете на граѓаните.

-На сите граѓани во државата ќе им се поделат 49% од акциите на државните претпријатија, односно на секој поединец ќе се поделат акции во вредност од 10 илјади евра. Овие акции ќе можат да се продаваат на пазарот и ќе овозможат внесување на приватен капитал што носи модернизација и развој, рече Меџити на прес-конференција, на првиот ден од кампањата за парламентарните избори.

-Овие политики, успешно спроведени во многу европски земји, време е да се имплементираат и кај нас. 10.000 евра за секој поединец, и повеќе капитал за претпријатијата и за стопанството, тоа е економијата што Вреди. Но, за да се реализира сето ова, потребен ни е секој глас, додаде тој.

Укинување на индустријата за игри на среќа, како што е затворање на обложувалниците и казината, како и забраната на фирмите за брзи кредити е исто така дел од програмата на коалицијата „Вреди“.

Слични содржини