Коалицијата „Вреди“ со свои носители и кандидати за пратеници и во ИЕ 3 и 4

Претходно беше објавено дека носител на листата на коалицијата „Вреди“ во ИЕ1 е Изет Меџити, во ИЕ2 е Африм Гаши, во „петката“ е Салим Сулејмани, а во ИЕ6 е Биљал Касами.

од Бети Божиноска

Движењето „Беса“ ја потврди денеска информацијата што вчера ја најави Арбен Таравари од Алијанса за Албанците (АА) во Тетово и истакна дека коалицијата „Вреди“, од која и самата е дел, ќе има свои носители и кандидати за пратеници и во изборните единици 3 и 4.

Коалицијата ја сочинуваат движењето Беса, Алтернатива, Алијанса за Албанците на Арбен Таравари и Демократско Движење на Африм Гаши.

И од двете партии не излегоа со имиња, ниту за носителите, ниту за кандидатите за пратеници во овие две изборни единици.

„ Во ИЕ3 и ИЕ4 ќе имаме кандидати. Имаме повеќе имиња. Ни треба повеќе време да се консултираме. Не се партиски имиња, туку независни имиња. Затоа зедов автортизирање од Централното собрание за да можеме да ги изберем личностите кои што ќе имаат влијание во тој регион,“ изјави вчера Таравари.

Претходно беше објавено дека носител на листата на коалицијата „Вреди“ во ИЕ1 е Изет Меџити, во ИЕ2 е Африм Гаши, во „петката“ е Салим Сулејмани, а во ИЕ6 е Биљал Касами.

Рокот до кога политичките партии и коалициите треба да ги достават листите за пратеници до Државната изборна комисија (ДИК) за изборите истекнува денеска на полноќ.

Слични содржини