Кој гледа под фустан, оди во затвор

од Aleksandar Petrovski

Германската влада усвои закон со кој ќе се криминализира гледањето под фустан, непријатна пракса кога некој прави несакани фотографии или видео снимки под облеката на другата личност.

„Фотографирање на жените под фустан или деколте е понижувачки и неоправдана злоупотреба на нејзиниот личрн простор“, изјави германската министерка за правда Кристин Ламбрехт.

„Често овие фотогравии се делат во групи за разговори или комерцијално се дистрибутираат“, изјави таа.

Во нацрт законот е дефинирано дека снимањето и дистрибуција на слики на „гениталии, задник, женски дојки“ кои се покриени со облека или крпа ќе бидат кривично дело.

Нацрт законот наскоро треба да се најде и пред парламентот.

Предлог законот забранува и правење и дистрибуција на слики кои покажуваат починати лица на груб и навредлив начин за што може да се добие и до две години затвор.

Слични содржини